Блог спамери*
31/08/2010 од Darvel
„Немам што да правам. Да, можам да правам нешто корисно, ама тоа најверојатно ќе биде досадно. Знам, ќе отворам блог… Ама што да пишувам кога немам ниеден свој изграден став… Знам… Ќе бидам плагијатор… А да, и спамер, за да ми биде поинтересно…“
Ни ми смета, ни па има причина да ми смета што некој отворил блог. Супер е тоа, луѓето треба да кажат што им лежи на душа, и да бидат прочитани. НО! И тоа големо „но“, многу ме нервира кога некој спамира со бескорисни постови. Зошто? Од себични причини, признавам, кога некој објавува петнаесет постови во еден час, со тоа се намалува можноста да видам некој пост што може да ми биде корисен/интересен.
Втора работа што ме нервира е copy-paste „блогирање“. „Види ме мене, знам како да преведам текст (не баш точно) и да го постирам“… Браво… Седи, кец. Мислам, обично не се ни замарам со вакви луѓе кои навидум немаат ниту еден сопствен став, ама не можев да преќутам… Ми чепна еден од омилените сајтови. Мислам ако правиш плагијат, барем препиши точно… А да, и пробај да не ги копираш рекламите од оригиналниот сајт.

Сликава е од оваа статија… Ај дали ќе ви текне кој е плагијаторот…
Или, пак, имај почит кон оној што се помачил да ја напише статијата дај линк, за да можеме да ја прочитаме, и да уживаме во хуморот, без истиот да биде искасапен од премногу буквален превод (да, постои такво нешто).
Или, ако веќе се обидуваш да протераш плагијат како сопствен труд, барем нека има малку шаренило, посети и друг сајт, не само Cracked.com. Или, барем… И знам дека ова ќе биде комплицирано за сфаќање… Прераскажи, не препишувај…
Не именувам, не давам линк, од едноставна причина што не сакам да рекламирам некој што не заслужил…
————————————————————–
* Не одговара терминот блогер… Блогер искажува мислење за нешто, тоа ни е професија, мрчење…
10 Responses to “Блог спамери*”
Напишете коментар
You must be logged in to post a comment.

Спам коментар
…добро, еве дојдов на кафе да се помрчам кај тебе. Ај сеа не именувај, нека остане мистерија блогот, а линковите саде мистерии…нема везе…батали ги…а Господ, постои или не (надвор од „Природна Појава“)?
ај пиши, па да дадам мислење – само елаборирај на поимов – мислење за твоето или темата…
На сите ни пречи, не само тебе.. Ние може да се мучиме саат време да склопиме пост со внимателно вметнати аргументи, податоци и став, а он само копи пејст и готово, завршил работа..
Најпаметно е да го игнорираме, сепак.
Aпсолутно се сложувам со Аут . Некогаш не само саат ами и повеќе , а од друга страна имам обзир насловна нема тоа е само листа со последни записи и последни коментари ,па затоа пишувам воглавном по 1 пост некогаш имам време и за повеќе ама го причувувам и пуштам по еден или неколку дена .Ако повеќе луѓе пишуваат одреден пост ќе оди се подолу и подолу и тоа ми е нормално ама воопшто не ми е шармантно кога од горе до долу на последни записи ќе видам еден ист автор . Беше тоа пред некој ден кога постовите на зорив и аут и науште двајца блогери не ми текнува кои се загубија во доминацијата на еден автор , Не се секирајте момци ги прочитав и двата ама верувам многу луѓе ги пропуштија
Е да го отворив сајтот дотичната приказна не ја најдов ама најдов еден интересен филм Е ај сеа ме насска со сајтов да го гледам
п.с Да имаше edit ова ќе беше еден коментар
а сега е спам
Еди, како не ти е срам…
Парадоксес… Само… Молам?
Аут, јас ги игнорирам сите вакви спам плагијатори, ама ми го чепна омилениот сајт…
Пепус, не знам, јас поретко доаѓам на Блогерај во последниве недла две, и што да видам, двајца типови ги напишале сите постови на насловна…

Еден плагијатор и еден геј фудбалски клуб…
А за Cracked, нема да зажалиш… Имаат добри статии кои најчесто знаат да насмеат убаво…
Добро, јас сепак мислам дека и преводот е придонес на некој начин. Не го проверував, но на македонски неможе многу да се најде, се нешто бугарски или српски…така да, ок е, за тие што сакаат да прочитаат…
колку предпазливо одоколу на прсти…само немој по мене не фрлајте…затоа што…аааххх ме мрзи да седам да преведувам. еве искрена сум! И оние Интернет преведувачине шо се на македонски, леле мори мајко…со мексиканец у Кина подобро ќе се разберам одколку…така да, ги има тие кои што сакаат да делуваат, оние кои што сакаат само да читаат/гледаат…а потребен е некој да направи превод да можат да читнат…или не? …на прсти сега…си одам!!!
Парадоксес, не реков дека преводот е лоша работа, и за тоа треба труд, ама ако го преведеш и не дадеш линк до оригиналот, тоа значи дека се обидуваш да го протуркаш како свое дело. А тоа се вика плагијат…
Значи, јас сум се мачел, сум пишувал зашто тоа ми е работа, а некој сака само да го преведи и да го претстави како негов труд. Тоа значи како прво недостиг на почит, како второ… Педерски е…
…на прсти сум уште…кое ќе легнеш стомачки…ќе ти се џитнам…хахаха добро! како што реков не читав во детали за да дали и чиво мислење и дали е присутен линк до оригиналот…само видов е на македонски. А како се викало тоа…преведувач или тумач или лексикограф или речникар…хахах немам толку верба во денешниве лексикони, не само нашиот туку во сите …скептик сум и според ова горе, тогаш лексиконот е супер пример за плагијат (не само погрешно препишано, туку и погрешно тумачено)!
…позади врата се кријам, усфет се спремам да фатам!
Хаха… Нема место за криење позади мојата врата… Хаха…