Рај и пекол
25/08/2010 од Darvel
Едно кратко видео, на тема рај и пекол…
Сега, верниците не можат да ми се лутат мене, зашто ова го кажува бискуп… Во православниот систем ова би било владика? Хиерархија? Па нели сите бевме еднакви? Чудно, дури и двосмислено… Како свештениците да не се согласуваат со богот на кој му служат.
26 Responses to “Рај и пекол”
Напишете коментар
You must be logged in to post a comment.

Убаво што некој од внатре конечно признал дека ако Господ навистина постои, тогаш дефинитивно нема никаква врска со денешниве цркви.
„Секоја црква се пропагира за вистинска.“ Тоа е дефинитивно најголемото чудо на денешницата.
А што се однесува до тоа како религијата влијае намерно врз човекот, истото може да се каже и за политиката, економијата, па дури и образовниот систем (некаде намерно е на пониско ниво, за да не држат под контрола, нели поглупавиот полесно верува во се и сешто!)
Да постоеше господ на црквите немаше да има громобрани…
Оти вака,
освежи мисли
http://www.youtube.com/watch?v=wYOz46xoq2w
Загинат, господ дури и да постои, сите свештеници се само луѓе кои за лична корист ги искористуваат верувањата на луѓето.
Па и бискупов во видеово вика дека намерно не им се дозволува на луѓето да пораснат и да учат, зашто така се губи контролата врз нив.
Коцевааа, да постоеше господ, немаше да има потреба од цркви (божји домови) зашто бог би бил насекаде…
Вале… Елена Ристеска бе???
Darvel – Да, во право си.Сепак Господ постои во нашата глава. Ние сме всушност господ сами на себе, само е потребно да го откриеме и да му ја прошируваме моќта.Бидејќи тој постои во нашата потсвест.
А свештениците како и да е секогаш ќе останат најголемите крадци(несакам на овој начин да се изразам-но немам др.избор) – Тие на луѓето не им дозволуваат да ги надокнадат своите знаења,бидејќи како што спомна,ќе ја изгубат контролата врз нив ..
„Криенката е вознемирувачка игра на човековата душа, во која, истата се анулира, се игнорира, избегнува па загубува, и крие од самата себеси.“
Срчевиот недостаток на злото не е во гревот, туку во одбивањето да неговата присутност биде препознаена и потврдена.
Злото е што немаме поголем избор, туку само два…
Коцевааа, не за џабе викаат „богот секогаш личи на оној што го создал“.

За свештениците, ако не ти одговара „крадци“, мислам дека можеш да го употребиш терминот (дури и посоодветен би бил) „измамници“.
Парадоксиум, само кои два избори ги имаме?
Инаку, мразам да се рекламирам, ама отворив нов блог (со твоја тема – за серии и филмови), па кога ќе имаш време погледни го.
zadkulisite.blog.mk (не ставив линк зашто веројатно нема да го одобри без модерација…)
позз
Постојат само две состојби: Потчинетост кон Господ и доброто (неговата волја), или да одбиеме потчинување на било што и кого вон нашата војла (кое што автоматски те заробува во една од силите на злото). Значи изборот на крајот на краиштата, е или припаѓаш на страната на Господ или на Ѓаолот. А јас не го рационализирав ова…туку оној кој што ни ја запишал основата во библијата „Зашто кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја изгуби; но кој ќе ја изгуби својата душа заради Мене ќе ја најде.“ (Матеј 16:24-25)
Загинат, не е срамота да се рекламираш… Патем, ако се рекламираш себе, се вика себе-промоција.
А за спамот што викаш. Од искуство, освен ако ставиш десетина линкови, коментарот ќе биде објавен, а дури и да има да биде оценет како спам од блогот, јас најверојатно ќе го објавам (освен ако е некој тип на комерцијален спам).
Парадоксиум, сакаш да кажеш дека моралот (способноста за разликување на она што е добро од она што е лошо) е „дар“ од господ? Тогаш како го објаснуваш моралот кај „безбожните“ народи во северна Европа, Африка, Америка и делови од Азија? Или пак присутноста на морал кај атеистите?
се логирав само да ти заблагодарам за линкот.
)
една голема гушка и еден бацок од мене :*
најдов на јутјуб и нешто друго од Џон Шелби Спонг.
слушам и уживам
„Чудни се Божјите патишта “….
Де бре Лепангелина… Што ми се нафрли вака за едно видео… Ќе зборат луѓево…
За видеото, повели и друг пат… Кога ќе има пак нешто интересно од FFreeThinker, ќе ставам… Иако најверојатно нема пак да биде нешто од бискупов…
хахах дека моралот е „ДАР“ од господ…тоа ти го кажа јас не. мислев Господ-Добро, Ѓаолот-Лошо…а сега нека си одберат која сакаат…само две ги има.
чуствата ни се од Господ, незнаеме шо да им правиме, и од страв да не урочиме ги запрепастивме… и го измисливме моралот у тајфата на принципи…
Парадоксес, еве ти еден пост за господ и „сè она што ни го дал“…
Единствениот аргумент што ти треба дека не постојат богови…
Ако човекот ја напишал Библијата, додека Господ дремеше, тогаш човекот ги измислил боговите.
Ако боговите не постојат, тогаш ни нивниот креатор, човекот не постои.
Ако „сè она што ни го дал“ е од Господ, а тој не постои, тогаш кој ни го дал? Или ништо немаме…зошто никој не ни дал ништо?
*за нешто од ништо —> иди кај Хаус*
Мислам дека сум, значи сум…МИСЛАМ!!!!
„сакаш да кажеш дека моралот (способноста за разликување на она што е добро од она што е лошо) е „дар“ од господ? “
Способноста НЕ – туку подарокот е во изборот да избираме што е добро од она што не е…
…само парадоксично не ни е даден изборот дали сакаме или не сакаме да имаме избор….упм! па сеа морало да избереме едно од двете…е не избирам!!!! баш уживам да се парадоксициклирам…
Парадоксес, твоите последни два коментари се најсмешносто нешто што сум го прочитал во животот… Треба да пишуваш комедија… Сериозно ти зборувам.
Многу луѓе можат да се насмејат со помош на твојата утната логика…
Комедијата е напишана во Болната Вистина за „Луѓето на Лагата“ од Скот Пек. http://ejm.tripod.com/people.htm
Изборот твој е кој:
Христијанин, или не.
Верник или атеист.
Логика да…утната не (ако е, тогаш уште одамна ја утнале, па сега ти и јас, заедно)…фактот останува да базира на логика (твоја, моја или нивна), додека некој друг не докаже поинаку!!!!
Се смееме заедно во средина, агностик (ифи-ифи).
Јас не сум ни христијанин, ни атеист, јас сум си пастафаријанец… Барем така ми пишува на Фејсбукот.
хаха добро тогаш јас сум само ифи-ифи, додека не смислам нешто помилозвучно во меѓувреме…кога ќе го успијам ѓаолот.
не сум по фб, иначе може ќе те барав…ама нели се најдовме веќе…:lol:
Хахаха… Ифи-ифи… Ни јас не поминувам многу време таму, само онака стои, за шпионирање на луѓе…

Се најдовме, ама уште не се знаеме… Пиши една порака, кажи од каде си, како се викаш… Може се знаеме од основно… (oсвен ако не си многу постара/помлада)
хахах…против моралот ми е да издавам такви информации…хахах принципи уствари…двосмислени подеднакви…иди кај FBI може ќе те упатат до CIA чие што седиште е во Ѓ. Петров некаде… мислам…
Де бре… Не сум психопат… Чекај… Да, не сум психопат…
шо бе, нели после пругата? која пруга ма? па втората!!!! бреј…к, се разбравте!
коментариве мора да се склопираат (ова некој нов ќе да му е) во тема темава!