Животот е убав
23/08/2010 од Darvel
Значи, како што пишав, бев убеден дека сум буден. И додека сè си течеше нормално во сонот, некој од моите соговорници ми подаде подарок, мала кутија. Ја земав кутијата, ја разгледав, ништо невообичаено. Кога ја отворив, видов дека внатре има неколку секојдневни предмети кои јас не ги поседувам, но ете некогаш сум ги посакал. Во тој момент, моментот кога ми се случи нешто убаво, тогаш сфатив дека средината во која се наоѓав, за која до пред само неколку секунди бев убеден дека е реалност, е всушност само сон и се разбудив.
Па добро бе… Колку треба да ти е пореметена потсвеста за нешто убаво да ти биде потсетник дека она што е околу тебе не е реалност…
———————————————————
Знам дека третото видео за разлика од првите две не е баш во согласност со постот, ама сакав да го ставам, па трпете…
3 Responses to “Животот е убав”
Напишете коментар
You must be logged in to post a comment.

има моменти кога велам: Ќе си купам LG телевизор зашто животот е убав!
Па обично така е, тоа за што мечтаеме се појавува во сон и во тој миг сфаќаме дека сонуваме.
Лепангелина… LG? Не знам, немам ништо нивно… Не знам што квалитет имаат…
Тоа не е животот е убав. Користиш мој пост за рекламирање а? Цццц…
А не им беше мотото Life is Good?
Загинат, како бе никогаш порано не сум се разбудил кога ми било убаво? Ова беше првпат… Обично уживам во такви сонови…