Feed on
Posts
comments

Клети турци

Никогаш сум немал негативни чувства кон Турците. Да, го окупирале целиот Балкан и пробувале да го уништат локалното население со векови. Но, тоа се случило во период кога сите го правеле тоа. Модерна Турција освен народ и локација нема ништо заедничко со Отоманската империја, сепак имаат различно политичко уредување, различен менталитет. Тоа се смени откако рамковизиите (множина зашто при смртта на Рамковизија Канал 5 и Сител очигледно попримиле дел од нивната душа и научиле нови зборови) почнаа да претеруваат со турски сапуници и пропаганда. Толку туркање неизбежно создава контра ефект.

Повеќе…

Маглата

Од Скопје веќе не се гледа небото. Некои луѓе тврдат дека е загадување, други пак дека е обична магла. Градот сепак е во котлина, па најверојатно се работи за комбинација на двата фактори. Но, додека повеќето се расправаат на тема „Што е“, сите го забараваат најважното прашање – „Зошто е“.

Одговорот е едноставен. Како и при секоја масовна операција која треба да остане релативно тајна, и во овој случај прво се создава завеса од чад. Кој играл RTS знае дека Fog of War може да биде многу корисен елемент, барем кога е во твоја корист. Причината поради која Скопје е обвиено во „магла“ е едноставна, сè почнува од главниот град. Маглата нема да престане да се шири. Лека полека таа ќе ја обвие целата земја, а кога секој агол од територијата ќе биде прекриен со оваа густа камуфлажа која ќе ја сокрие Македонија од светот, тогаш ќе дојде до преселбата.

Повеќе…

Премиерот

Хм, долго време не сум напишал пост. Блогов вика од 25 јануари а јас цело време мислев дека е повеќе. Не е важно, гледав нешто што ме насмеа многу, па си реков да го споделам.

Значи, за да не мислам на фактот што не можам да најдам работа (невозможна мисија со оглед на тоа што “my skin isn’t the right color”) тепам време гледајќи стари (и нови) серии и филмови, читајќи книги и играјќи Dragon Age (Origins, не 2). Една стара серија која решив да ја изгледам целосно, со оглед на тоа што е завршена, е “The Unit“. И, ги симнав четирите сезони и си гледам така како единицата извршува тајни мисии во целиот свет, главно во Блискиот Исток и Јужна Америка, кога дојде на ред епизода 3х10 (”Gone Missing” емитувана на 27 ноември 2007).

Во првата сцена во која членовите ја планираат мисијата, по ѕидовите имаше карти од Македонија и западената половина од Балканот. И збореа за атентат на премиер, и прво си помислив, ќе го пукаат Грујо. Ама војниците беа наредени околу макета на „градски плоштад“ кој не изгледаше како скопскиот, по што си реков, планираат атентат во соседна држава, па Македонија е таму како место за бегање. Мислам, сепак еден од нив рече дека прославата на која ќе присуствува премиерот е Ден на Независност, кога земјата “… they gained their independence from the Turks, in 180… something.”. Нема шанси да е Македонија, ние добивме независност (читај слобода) дури во 1991.

Испланираа сè што испланираа, го анализираа експерименталниот куршум кој требаше да го користат за да нема други жртви освен целта, и се спакуваа. По што стигнаа на локација – Република Македонија. Е тука веќе почнав да се смеам на глас. Атмосферата во оваа Македонија беше мрачна, и поради некоја причина помислив на Ерменија. Архитектурата од друга страна многу ме потсетуваше на Мексико и југозападниот дел на ОАД (каде што најверојатно била снимана епизодата. Вака изгледаа првите сцени, плоштадот и полициските униформи:

Тука веќе почна да ме боли стомак од смеење. Но, писателите испланирале уште. Па така кога на еден од тројцата стрелци му откажа направата за мерење оддалеченост, четвртиот член на тимот излезе да ја измери далечината од зградата до подиумот. Крајслерите беа сменети со Фолксвагени, ама грбот на полицијата беше точен. Морам да признам дека оваа улицава – „Улица Граф Игнатиев“ – ни сум ја видел, ни па сум чул за неа. Но, моментот во кој речиси ќе умрев поради недостиг на воздух (од смеењето), беше кога еден од полицајците му се обрати на американскиов војник… Доаѓа припадникот на македонската полиција, и почнува да му зборува на типов на чист грчки јазик…

Си реков крај… Но има уште. Стигна владината поворка, во Мерцедеси, ги погодиле барем нив. И додека на сцената го чекаа генерали во руски униформи, на сцената стапи премиерот, кој воопшто не изгледаше како Грујо…

Војникот го нанишани премиерот, надредениот му рече да пука, по што војникот сврте малку на лево и го уби типот што се спремаше да го убие премиерот… Никој не забележа, војнициве си се вратија дома, и никому ништо…

За крај, само да речам, не очекувам реализам во сериите што ги гледам, сум простувал земји со имиња како Краплакистан, но очекував барем писателите малку да истражуваат кога пишуваат на некоја тема… Ако со вакво пишување се станува писател за голема телевизија, тогаш да се спакувам и да тргнам за Америка… Знам дека не ги плаќаат многу писателите, ама и малку е повеќе од ништо…

Не сакав да коментирам за циркусот околу Рамковизија, ама ете, морам… Значи, пред да почнам само да кажам официјално кој е мојот став на темата: СДСМ-ДПМНЕ во соработка со Рамквоизија се дерат на една страна за да не чуеме некој шепот на друга. Пробана тактика на СДСМ-ДПМНЕ, така што, ништо ново.
Значи, во целата ситуација најсмешни ми се сите мали сателити на СДСМ-ДПМНЕ. Секој ден излегуваат на национална телевизија, на улици, плоштади и други јавни „арени“ и ја обвинуваат десната фракција на партијата родител за „фашизоидна ,деспотна’* диктатура“. Нe сум сигурен дали се работи за иронија или идиотизам.

Да не се разбереме погрешно, не викам дека во Македонија има демократија, никогаш не ни имало, ама ако некој го нарече овој систем „фашизоидна ,деспотна’ диктатура“, само покажува дека не знае ништо. Диктатури, и леви и десни, сме имале многу во последниве сто години, па барем со споредување може да се утврди дали терминот важи во овој случај. Споредете го владеењето на Г’уевски со Сталин, Мусолини, Франко, Хитлер, Пиноче, Перон, Тито или од актуелните Чавез и Ким Јонг-Ил и ќе видите дека не е ни од далеку исто.

И за крај, вчера на Рамковизија видов нешто што ми покажа дека за Македонија нема надеж. Членови на десната фракција на СДСМ-ДПМНЕ се откажуваа од своето членство во таа партија и правеа трансфер во еден од сателитите. Жална слика. Нема надеж додека народот е до тој степен зависен од „партија“ што менува едно зло со друго зло. Ако Македонците** сакаат промени мора да се откажат од партиските книшки, сите партиски книшки. Често може да се слушне како некој изјавува „Политичарите забораваат кој им ја даде фотелјата, тие се тука за нас, не ние за нив“. Епа, жал ми е, ама додека народот е поделен по партии, партијата ќе си владее како сака зашто водачите знаат дека што и да се случи, едната фракција гарантирано е во владата.

Значи, заклучок, ако Македонците** сакаат да ја видат Македонија како напредува, мора да ја кренат десната рака и да им го покажат средниот прст на СДСМ-ДПМНЕ и нејзините сателити. Тоа е единственото решение…

——————————————————————-
* Не знам што значи зборот „деспотна“, но претпоставувам дека недостатокот на интелегенција или ораторски вештини го претворил зборот „деспотска“ во „деспотна“.
** Сите носители на македонско државјанство.

Триесет и првата епизода од Умот на Фриман“.

Сите го знаат Гордон Фриман, но дали сте знаеле дека во главата на тој 27 годишен „брилијантен“ физичар се наоѓа умот на неоуротична личност?

Бидејќи платформава е ретардирана и не ме пушта да закачувам видеа, еве линк до квалитетна платформа.

Older Posts »